J.П.„Охридски Комуналец” денес го одбележа својот патронен празник ,,7-ми Ноември”
На присутните им се обрати Директорот м-р Сашо Најдески кој во своето обраќање истакна:
„Ви го честитам денот на ослободувањето на градот Охрид, а на вработените воедно им го честитам патрониот празник на ЈП,,Охридски Комуналец” Охрид
ЈП,,Охридски Комуналец” Охрид има задача да обезбеди чист и уреден град и да се грижи за заштита на животната средина. Преку меѓусебна доверба, јасна и отворена комуникација и транспарентност, градиме однос со граѓаните и правните субјекти, а нивното задоволство и исполнување на нивните потреби за здрава и чиста околина претставува успех во нашето работење”
✔Како благодарност за континуиран допринос и непрекинат работен стаж за 30, 20 и 10 години во претпријатието, им беа доделени награди на 6 (шест) наши вработени
✔Исто така беа доделени 3 (три) благодарници по повод пензионирање на наши вработени и 1 (една) благодарница на нашиот вработен Селман Кадри за своето посветено и професионално работење во одржувањето и уредувањето на градските паркови и зеленило