Стружанец фатен со рачни бомби и куршуми

Жител на Струга фатен со рачни бомби и куршуми.

На 18.10.2022 во 18.00 часот во населбата „Плитишта“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода Д.У.(36) од Струга. При претрес во куќата што ја користи, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени две рачни бомби, два куршуми со различен калибар, една воздушна пушка „Гамон“, ќеса со марихуана и други предмети. Тој бил задржан во полициска станица и во консултација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Social profiles