Унификација на Стариот дел на Охрид, дрвени рекламни табли на дуќаните

Дрвени унифицирани рекламни табли го красат визуелниот лик на Стариот дел на Охрид. Сите угостителски, трговски и занаетчиски дуќани добија идентични табли кои прво се напишани на кирилично писмо а потоа на латиница.  На улиците Цар Самоил, малиот плоштад и Коста Авраш до плоштадот поставени се вкупно  74 нови дрвени табли. Унифицирани табли ќе добијат и дуќанџиите вдолж охридската чаршија.

Целта е унификација и подобра визуелизација на просторот, дуќанџиите сега  ќе треба да ги отстранат  старите светлосни неонски реклами кои го нарушуваат автентичниот лик на градот.

„ Оваа анализа покажа дека бевме соочени со вистинска девастација во однос на форми бои, материјали, големини, димензии, адекватност и неадекватност на просторот во однос на поставување на фирмите. Соочени со таа состојба на крајот од 2022 година веќе го усвоивме Правилникот за поставување на урбана и мобилијарна опрема во град Охрид, кој што е пропратен воедно со каталог на урбана и мобилијарна опрема. Каталог кој што станува заклучно со 01 01 2024 официјален документ на општината и гардот и ќе треба да ги задоволи сите овие стандарди“, вели Горан Мицкоски проектен менаџер.

Како дел од проектот е унификација и на сите  тенди на летните тераси на угостителските објекти.

– „Секако и за нив се иработени три четири опции варијанти и нијанси кои што мегу себе мора да го задржат тој изглед  на меѓусебна компатибилност, форма, боја, засега оваа година е планот да продолжиме по чаршијата и со нив да органзиираме координативни средби. Изминатата година врз основа на Правилникот и градоначалникот и советот на општина Охрид имаа сенс да дадат поддршка на овој проект и да одделат средства кои што ќе бидат инвестирани така да корисниците не ги чини ништо“,  додава Мицкоски.

Проектот е во согласност и со препораките на Унеско за зачувување на автентичниот лик на старото градско јадро  на Охрид.

 

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани