Јавна расправа по Нацрт Законот за прогласување на Охридското Езеро за заштитено подрачје

Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Општинa Охрид, организира јавна расправа по Нацрт Законот за прогласување на Охридското Езеро за заштитено подрачје во категорија III-Споменик на природата

Јавната расправа ќе се одржи во големата сала на Општина Охрид на 14.09.2023 (четврток) со почеток во 10:00 часот.

Од министерството информираат што содржи актот за прогласување на заштитеното подрачје Охридско Езеро:

– назив на заштитеното подрачје или природната реткост,
– категорија на заштита за заштитеното подрачје, географски карактеристики и други основни обележја,
– картографски приказ со граници на заштитеното подрачје
– граници на зоните кои постојат во рамките на заштитеното подрачје,
– типови на зони во заштитеното подрачје,
– режим на заштита и

– субјект кој ќе управува и други прашања утврдени со актот за прогласување.

Јавната расправа утре  во 10ч. ќе се одржи и во општина Струга.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани