11 сантиметри нов снег во Охрид, на Шапка 1 метар

Повеќе од еден метар снег е измерен утрово на Попова Шапка.

Во Маврови Анови се измерени 83 сантиметри, 58 во Пожаране, 52 во Крушево, 51 во Лазарополе, 32 во Тетово, 31 Скопје – Петровец, 28 во Ѓуриште, 24 Демир Капија, 22 во Дебар, 20 Битола, 15 Скопје – Зајчев Рид, 11 во Охрид, 10 во Крива Паланка, Прилеп, Струмица, Куманово, 9 во Штип, Претор, 5 Виница, 2 Берово, 1 Дојран.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, најстудено утрово било во Маврово и Попова Шапка каде се измерени – 8 степени целзиусови. Во Охрид утрово измерени -3 степени. 

Утре во текот на денот ќе биде претежно сончево, но со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат под нула. Потоа во следните денови ќе преовладува облачно време со услови за магла по одделни котлини, како и со повремени врнежи кои во пониските места ќе бидат претежно од дожд.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани