Со уникатно видео на знаковен јазик Локалната младинска огранизација при ОЕМУЦ Св Наум Охридски испрати силна поддршка за ретките болести.
Ученици и професори со знаковен јазик пренесоа силни пораки за поддршка на ретките.
Според BabyHearing.org. најмалку 400 ретки синдроми вклучуваат губење на слухот како симптом, Тие можат да доведат до различни типови на оштетување на слухот во различен период од животот. Степенот на загуба се разликува во голема мера од личност до личност, вели професорката Ирена Ралева Најдеска ментор на ЛМО.
За пораките да бидат пренесени на јазикот на тишината им помогна Лора Лазаревска сертифициран толкувач на македонскиот знаковен јазик.
ВИДЕО: