Министерството за здравство информира дека утрово не се регистрирани нови заболени пациенти со коронавирус во земјата.
Доцна синоќа, во рамките на скринингот, направени се тестови на 22 лица со поширока индикација. Сите 22 теста се негативни на вирусот.
Инаку, во текот на вчерашниот ден се регистрирани вкупно 11 нови случаи на коронавирус. Со ова, бројката на заболени од вирусот во земјата, состојба до 21:00 часот, изнесува 42.
Како што е соопштено, состојбата на сите пациенти е стабилна, а само кај две заболени лица имаат средно изразена пневмонија.
Едно лице, првозаболената, веќе е излекувана.
