По овие членови полицијата поднесува кривични.
Станува збор за членови од кривичниот законик поврзани со здравјето на луѓето по основ н што, полицијата почна да поднесува кривични пријави. Еве ја содржината и предвидените казни.
КРИВИЧНИ ДЕЛА ПРОТИВ ЗДРАВЈЕТО НА ЛУЃЕТО
Член 205
Пренесување заразна болест
(1) Тој што со кршење на прописи или наредби со кои надлежен орган определува прегледи, дезинфекција, издвојување на болни или некои други мерки за сузбивање или спречување на заразни болести кај луѓето или со вработување или држење на лице кое боледува од заразна болест со вршење на полово дејствие или на друг начин, предизвика пренесување на заразна болест, ќе се казни со парична казна или со затвор до три година.
(2) Со казната од став 1 ќе се казни и тој што не постапува според прописите или наредбите од став 1 во поглед на сузбивањето или спречувањето на заразните болести кај животни кои можат да се пренесат на луѓето и со тоа предизвикува пренесување на заразна болест.
(3) Ако како последица од делото од став 1 е пренесена неизлечива заразна болест, сторителот ќе се казни со затвор од една до десет години.
(4) Обидот од делото од став 1 на овој член за пренесување на неизлечлива заразна болест е казнив.
(5) Тој што ќе ја загрози сигураноста на друг со лажна закана за пренесување или со ширење на невистинити тврдења за постоење на неилечлива заразна болест ќе се казни со парична казна или затвор до шест месеци.
(6) Тој што делото од ставовите 1 и 2 ќе го стори од небрежност, ќе се казни со парична казна или со затвор до шест месеци.
(7) Ако делото од овој член го стори правно лице, ќе се казни со парична казна.
Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија
Член 206
(1) Тој што за време на епидемија на некоја опасна заразна болест не постапи според прописите или наредбите со кои се определуваат мерки за нејзиното сузбивање или спречување, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.
(2) Ако делото од овој член го стори правно лице, ќе се казни со парична казна.