Во сабота на 11 Ноември ќе се одржи свечена академија по повод 200 годишнината од раѓањето на Наум Миладинов.
За животниот пат и музичкото творештво на братот на Димитар и Константин Миладинови ќе говорат професор Петар Аврамоски и доцент д-р Димитри Кумбароски. Проф. д-р отец Стефан Санџакоски ќе беседи на тема „Наум Миладинов – маркантен и светлозарен претставник на православаната философија на животот според Богочовекот Христос“. Свој музички настап ќе има правнукот Христијан Миладинов.
Во склоп на програмата предвидено е концерт да одржи Хорот „Калистрат Зографски“.
Академијата ќе се одржи сабота 11 ноември во 19 часот.

