Охридскиот неолитски регион сличен со грчкиот Анаргири

Неолитскиот локалитет Анаргири во Грција содржи слични елементи со локалитетите во пелагонискиот и охридскиот регион.

Поради сличните елементи на овие неолитски локалитети, на денешната меѓународната конференцијата „Неолитот во Македонија“, што се одржува во Археолошкиот музеј на Македонија, ќе биде направен посебен осврт на локалитетот Анаргири во Грција, којшто содржи слични елементи со локалитетите во пелагонискиот и охридскиот регион.Покрај тоа, на конференцијата ќе бидат презентирани најновите сознанија од истражувањата на неолитските локалитети во велешкиот, полошкиот, кумановскиот и во пелагонискиот регион, вклучувајќи ги и резултатите од кабинетските, теренските и од теориските проучувања. Ќе бидат промовирани и новите методи што се применуваат при истражувањето на неолитските населби во Македонија.Ќе се изложат 17 реферати што ќе бидат презентирани од триесетина археолози од Македонија, Србија, Грција, Словенија, Чешка, Австрија, Германија и од Швајцарија. Македонските и странските археолози ќе говорат за најновите сознанија поврзани со неолитското културно наследство во Македонија. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани