Членови и симпатизери на ВМРО ДПМНЕ денес од 16 до 17 30 часот ја блокираа раскрсницата кај Охридска банка.
-„Она кое што го започнавме и го најавивме пред десетина дена на протестот којшто беше одржан на Градскиот плоштад го продолжуваме во текот на денешниот ден со бојкот на Советот на општина Охрид и со блокирање на главната раскрсница во Охрид, кружниот тек кај Охридска банка. Во текот на наредниот период ќе следуваат уште активности, а ова блокирање на раскрсницата, кај главниот кружен тек кај Охридска банка ќе продолжи и во наредниот период и сите овие активности ќе продолжат се до конечното ослободување на притворените од случувањата во Собранието од 27 април.“ – изјави Кирил Пецаков, претседател на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.


