Седумдесетипетгодишниот Ванѓел Наумоски од Мали Влај сега живее во Струга,веќе педест години свири кавал.
Посветено со многу љубов,тој секојдневно ги совладува тајните на овој иструмент,за кој вели дека не е многу тежок за свирење,но бара време за да се постигне саканата цел.

-„Го одбрав кавалот како мој иструмент бидејќи е дел од нашата фолклорна традиција,( која сакам да ја продолжам да ја негувам.)Сакам да ги свирам и пеам народните песни што се дел од нашето културно наследство“ – вели овој талентиран пензионер.
За него милозвучниот звук на кавалот е можност да патува во нови светови.
Кога свирам на кавал душата ми е полна,тој како да е дел од мене….
авотр СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ
