СТОЈАНОСКИ: Вработувањата во охридските училишта се законски

Градоначалникот Јован Стојаноски денес запрашан од новинарите го изнесе својот став во однос на избрканите наставници, учители и професори во охридските училишта. 

 

На крај од ноември завршија договорите на наставниците, но за да нема конкуср и промени на сред полугодие ни е пролонгиравме.  Конкурсната комисија законски го избра новиот наставен  кадар, појаснува градоначалникот.

– „ Се е сосема легално во склад со законските прописи.Конкурс мораше да биде објавен и на конкурсот може секој да се пријави дури да кажеме дека и оние кои што во изминатите години беа бркани од истите тие училишта“, вели Јован Стојаноски градоначалник на Охрид.

Некаде останаа старите наставници, но некаде имаме нови вработувања

-„Всушност заради тоа имаме и нова локална самоуправа, имаме нов градоначалник, нова политика во образованието. Треба да ја сфатиме работата во еден поширок комплекс, подолг временски период. Јас верувам дека ова граѓаните ќе го сфатат како една нормална законска процедура“, појаснува Стојаноски.

Дел од родителите се заканија со бојкот на наставата, доколку не се вратат старите наставници. Од менацментот на училиштатата ги потсетија дека основното и средното образование се задолжителни , за сите кои нема да почитуваат ќе има казни. 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани