ФОТО: Охридската полиција со Новогодишни подароци за туристите

Новогодишни лампиони и миризливи стикери со превентивни сообраќајни пораки денес охридската полиција традиционално им додели на бројните туристи што пристигнаа во градот.

 

Целта е на симболичен начин да се предупредат граѓаните внимателно да возат, да избегнуваат конфликти и да не конзумираат алкохол во текот на Новогодишните празници.

-0050 „Ова е една превентивна кампања која што еве традиционално повеќе години ја реализираме. 01 01 Оваа година кон оваа активност се вклучи и општинскиот Совет за безбедност во сообраќајот кој што на сите охригани и турисит ќе им додели миризливи стикери со пораки за безбедно управување со патничките автомобили“, изјави Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид.

Гостите пријатно изненадени и воодушевени од оригиналната идеја на портпаролот на  охридската полиција Стефан Димоски.

-„Доаѓаме од Подгорица дојдовме во Охрид да ги поминеме Новогодишните празници. И навистина сме пријанто изненадени од овој гест на полицијата драго ни е“, вели турист.

Охрид е веќе преполн со туристи. Новата година на брегот на Охридското езеро ќе ја дочекаат туристи од земјава и од регионот. Најбројни се гостите од Бугарија, Србија, Албанија и Црна Гора.

ФОТОГРАФИИ:

 

Новинар Соња Рилковска

Kanal 5 TВ

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани