Според календарот на МПЦ денес се одбележува споменот на Свети Партениј, епископ Лампсакиски – именден на игуменот на Бигорската обител.
По повод именденот на архимандритот Партениј, игумен на Бигорската обител, во манастирот вчера беше отслужена света архиерејска Литургија на која присуствуваа голем број верници.
Архимандритот Партениј (Фидановски) е роден на 29 октомври 1970 година во Битола. Тој е актуелен игумен на Бигорскиот Манастир. Основното училиште го завршил во „О.У. Тодор Ангелевски“, средното образование го стекна во Македонската Православна Богословија „Св. Климент Охридски“ во Драчево, Скопје, а потоа школувањето го продолжил на Теолошкиот факултет, исто така во Скопје, каде што подоцна и дипломирал. Во периодот помеѓу 1990 – 1995 година во неколку наврати ја посетил Света Гора, при што извесно време и живеел таму, како искушеник во манастирот „Григоријат“, каде што црпел од вековното духовно искуство на прекрасната православна традиција. Во 1995 год. тој доаѓа во манастирот посветен на св. Јован Крстител – Бигорски, каде што го посеа преизобилното семе на Светото Предание, стекнато во светогорските манастири. Така во 1995 год. отец Партениј најпрвин е замонашен во овој манастир, а потоа, на празникот посветен на св. Климент Охридски, истата година е ракоположен и за јеромонах. Во 1997 год. тој добива чин игумен, а во наредната год. е произведен во архимандрит.

Тој е човекот кој го возобнови монаштвото, ги отвори вратите на манастирот Свети Јован Бигорски и Рајчица.

ЗАСЛУГИ:
Возобновување на монаштвото во Бигорски Манастир и Манастирот Рајчица. Возобновување на манастирскиот комплекс Рајчица (Изградба на нови конаци и придружни објекти)
Возобновување на манастирскиот комплекс Бигорски (Изградба на нови конаци ,придружни објекти,скитови и параклиси)
Изградба на манастирскиот скит Св.Серафим Саровски во овоштораникот на Бигорски Манастир.
Изградба на црковното одморалиште во Битуше во чии состав се наоѓа црквата Свети Кирил и Методиј Воведување на реткиот занает изработка на митри во манастирот Рајчица.
Добивање на свети мошти на над триесет светители меѓу кои и мошти на Свети великомаченик Георгиј Победоносец,Свети праведни Јоаким и Ана,Свети Никола и др.
Од возобновеното монашко братство на Бигорски Манастир по благослов на отец Партениј произлезе Митрополитот Јосиф Тетовско-гостиварски духовно чедо на Архимандрит Партениј.
.jpg)
ЖИТИЕ на Свети Партениј, епископ Лампсакиски
Син на некој ѓакон од градот Мелитопол. Уште како дете добро ги помнеше зборовите на Евангелието и се трудеше да ги исполни. Се насели покрај едно езеро каде што ловеше риба, ја продаваше и им делеше на сиромасите. По Божја Промисла го избраа за епископ Лампсакиски. Го очисти градот од незнабоштвото, ги затвори идолопоклоничките храмови, изгради многу цркви и го утврди благочестието. Со молитва лечеше секаква болест, а особено имаше власт над злите духови. Еднаш кога сакаше да изгони зол дух од некој луд човек, злиот дух го молеше да не го изгонува. „Ќе ти дадам друг човек; во него влези и живеј“, му рече Партениј. „Кој е тој човек?“, праша демонот. „Јас сум“, одговори светителот. „Влези и живеј во мене!“ Кога го слушна тоа демонот побегна како од оган викајќи: „Кај можам да влезам во Божјиот дом?!“ Свети Партениј поживеа долго и својата обилна љубов кон Господ и кон луѓето ја покажа на дело. Во вечниот покој на Христос се пресели во 6 век.
