Ќе се менува статутот на ЈП „Градски гробишта“

Свикана  десеттата седница на Советот на општина Охрид. Градските советници ќе расправаат само по три предлог одлуки. Една од нив е измени во статутот на ЈП Градски гробишта. 

 Ова е целиот дневен ред: 

1 Предлог-одлука за давање согласност на одлуката за измена на статутот на ЈП „Градски гробишта“ – Охрид.

2 Предлог-програма за измена и дополнување на програмата за работа во областа на располагање на градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на општина Охрид за 2018.
3 Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација,со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр. 697/3 КО Трпејца.

Седницата ќе се одржи утре  08.05.2018 година (вторник) со почеток во 11:00 часот.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани