Сашо Донев избран за претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид. Веста за Охриднет ја потврдија од високото раководство на партијата.
Донев е долгогодишен член на ВМРО ДПМНЕ, изминатите четири години беше директор на ЈП „Нискоградба“ во Охрид.
Изборот на нов претседател траеше неколку месеци.
Меѓу најсериозните кандидати за чело на општинскиот комитет во Охрид беа петмина:
– Мишел Наумоски – авторитетен и реномиран адвокат од Охрид
– Јордан Пуроски поранешен директор на ОУ „Климент Охридски“
– Сашо Донев поранешен директор на ЈП „Нискоградба“
– Гоце Георгиески актуелен советник во Совет на општина Охрид
– Александар Китески вработен во комуналниот инспекторат
Финалната одлука беше донесена синоќа.
