Петар Лекоски ќе учествува на селекциониот натпревар за Светската Олимпијада

На 61-от државен натпревар одржан минатата недела, во Тетово ученикот Петар Лекоски освои прва награда и право на учество на Селекциониот натпревар за Светската Олимпијада.

На Државниот натпревар по астрономија ученикот Филип Рајчески го освои третото место. Сите ученици беа под менторство на професорката Виолета Никовска.

Претходно на Регионалниот натпревар по физика одржан на 10.03.2018 година, во Крушево учениците од ОCУ”Св. Климент Охридски”-Охрид постигнаа одлични резултати. Петар Лекоски од втора година освои трета награда, Стефан Андрески од прва година пофалница и пласман на државниот натпревар, додека Стојан Буџак и Виктор Савески, исто така ученици од прва година обезбедија само пласман на државниот натпревар. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани