Следи финале на полициската вежба, кеј „Македонија“ затворен за сообраќај

Во Охрид денес ќе биде финалето на полициската вежба а кејот „Македонија “ ќе се затвори за сообраќај.

Во рамки на одбележување на 07-ми мај – Денот на македонската полиција, во 12 часот во Охрид ќе се одржи показна вежба на дел од единиците на Министерството за внатрешни работи. Вежбовните активности ќе се одржат во водите на Охридското езеро во близина на градското пристаниште, каде изминативе денови беа изведувани одредени вежбовни маневри.
Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид, информира дека заради потребите на показната вежба, СВР Охрид , денес  во времето од 00 до 14 часот, за сообраќај ќе биде затворен кеј „Македонија“ на потегот од пресекот со улицата „Јане Сандански“ до кружната крстосница на булевар „Македонски просветители“.
-На овај потег, забрането е паркирање на патнички и други моторни возила, изјави портпаролот Димоски.Додава дека СВР Охрид упатува отворена покана до сите заинтересирани граѓани да присуствуваат на градското пристаниште, од каде ќе можат да ја проследат показната вежба.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани