И годинава во Струга ќе летуваат работници со ниски примања

Моментно 835 барања се поднесени за бесплатен одмор на работници со ниски примања.

835 барања досега се поднесени за користење на мерката за која годинава Министерството за економија обезбеди 30 милиони денари и е наменета за 2.000 семејства чии месечни примања не надминуваат 22 илјади денари нето плата.Ова вчера го кажа министерот за економија Бектеши на средбата со ХОТАМ што се одржа во Струга.Министерот нагласи дека по минатогодишниот пилот проект за поддршка на внатрешниот туризам кој даде видливи резултати, Министерството за економија продолжува со истата мерка и оваа година, во соработка со приватниот сектор.За користење на мерката работниците со ниски примања можат да аплицираат до крајот на месецов, врз основа на принципот „Прв дојден-прв услужен”.На средбата, се разговараше околу подготовките за туристичката сезона и за интересот на граѓаните за користење на мерката на Владата за подршка на домашниот туризам за работници со ниски приходи, која е со рок за аплицирање до 31.05.2018 година.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани