ФОТО: Палмите успеваат во Охрид

Се опоравија палмите на брегот на Охридското езеро.

Иако во зимскиот период во неколку наврати медиумите и еколозите  информираа дека палмите се исушија, денес може да види една сосема поинаква слика. Палмите се свежи, разеленети  и прекрасно стојат на брегот на Охридското езеро. 

Уште во 2013 година кога се садеа палмите од страна на Макеоднски шуми научната јавност беше поделена. Едни сметаа дека треба да се садат растенија кои со векови наназад виреат на ова поднебје додека според други  палмите како и другите тропски растенија се убави за око, егозтични и докажуваат  дека Охрид  има извонредни можности за развој на туризмот.

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани