Стигнаа првите туристи од Холандија во Охрид

Синоќа во 20 часот пристигна првиот чартер летот организиран од туроператорот „Корендон“ во Охрид.

 Според најавите на операторот, чартер летовите на релацијата Амстердам-Охрид-Амстердам да траат до 16-ти октомври годинава.Првите чартер летови ќе се реализираат два пати неделно-во вторник и петок, додека во јули и август е можно воведување на уште еден лет.„Корендон“, годинава на охридската ривиера ќе донесе околу 15 000 туристи.

-„Оваа сезона очекуваме зголемен број на туристи во однос на лани за околу 20 %. Ќе имаме чартери од Холандија три до четири пати неделно. Преку нашиата агенција доаѓаат гостите од Белгија и тур операторот Томас Кук, гостите од Полска преку Рего Бис и Рејнбоу, но и туристи од Малезија и Турција. Годинава само преку нашата агенција очекуваме околу 30 000 туристи да го посетат Охрид“, вели Асим Меџедовиќ од ТА „Фибула“ во изјава за Охриднет.ком. 

Лани Македонија ја посетија 26.889 холандски туристи со остварени 141.675 ноќевања, со што се во првите десет туристички пазари во нашата земја.

новинар Соња Рилковска 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани