Пред настапот на најдобриот италијански пејач на светот ZUCCHERO во Охрид на 25ти јули на Античкиот театар, некаде на отворањето на туристичката сезона ќе го видиме и сигурно најсупериорниот вокал на Балканот во моментов, маестралниот Масимо.
Се разбира, за неговиот беспрекорен перформанс да може да се доживее како што треба, локацијата ќе биде Антички театар- совршеното место за ваков тип на концерти, на 14-ти јули.
Масимо доаѓа за прв пат во Охрид, за прв пат на open air во Македонија, и се разбира дека ќе биде огромно задоволство за сите нас во Охрид да ги слушнеме следните песни: „Dodirni me slucajno“, „Stranac u noci“, „Iz jednog pogleda“, „Zagrli me“, „Krug u zitu“, „Sjaj u tami“ …
Концертот на Масимо во Охрид е, освен нашите традиционални спонзори за оваа година, помогнат и со покровителство на општина Охрид, како и сите останати проекти што ќе ги работиме таму оваа година, информираат од Авалон продукција.
Сите детали околу влезниците ќе бидат познати на 21 мај, во 21 часот.
