Патнички автобус на приватна превозна компанија се запали утрово на патот Кичево Гостивар после превојот Стража.
Автобусот превезувал ученици кои тргнале на школска екскурзија. За среќа избегната е голема трагедија со навремена реакција на возачите кои навреме го запрееле автобусот и брзо ги симнале децата од автобусот. Потоа реагирале со ПП апарати а ширењето на пожарот по целиот автобус го спречиле по\арникарите кои за кратко стигнале на лице место.
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
