Претставничката на Израел, ексцентричната Netta со песната „Toy”, синоќа прогчасена за победник на 63-то издание на Евровизија.
Израелската претставничка успеа да освои најголем дел од симпатиите на Европа, а меѓу фаворитите кои високо котираа во најтесниот избор беа и Кипар, Австрија, Италија, Шведска…
Македонија годинава ја претставуваше групата „Eye Cue” со песната „Lost and found” кои настапија во првата полуфинална вечер, но не успејаа да се пласираат во финалето.
