Мицкоски: „Лично мене ми се допаѓа Р Македонија“

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски синоќа пред завршната вечера на дијалогот „Жан Моне“ во Охрид,  изјави дека ставот на партијата по евентуалниот предлог за договор за името ќе го даде после лидерската средба закажана за денес  во Скопје.

 

– Што се однесува на прашањето за името, да почекаме утре лидерската средба, после неа ќе имаме став и позиција. Засега немам став, јас сум сериозен човек, за сериозни теми сакам да располагам со сериозни информации. Не би сакал да претпоставувам, ниту да одговарам на хипотетички прашања. Гледаме оптимизам, песимизам, и од грчка и од македонска страна прилична какафонија, така да ја почекаме лерската средба и ќе добиете одговори“, рече Мицкоски. 

Ви се допаѓа ли предлогот Илинденска Македонија? 

-„Лично мене ми се допаѓа Република Македонија“, рече Мицкоски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани