Привремено се стопирани инфраструктурните проекти во охридско.Во процес е создавање на регионален систем за менаџирање на депониите.
На првата надзорна расправа за Законот за управување на светското природно и културно наследство во Охридскиот Регион и сродната регулатива во контекст на Конвенцијата на УНЕСКО, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, ги посочил конкретните проекти со кои се идентификувани проблеми во извештајот и одлуката, а тоа се: изградбата на автопатот А2 (делница Требеништа-Струга), изградбата на експресниот пат А3 (делница Охрид-Пештани), изградбата на експресниот пат А3 (делница Пештани-граница со Република Албанија) и изградбата на железничката делница Кичево-граница со Република Албанија како дел од Коридорот 8.Министерот Сугарески навел и што е преземено по препораките на УНЕСКО, па затоа привремено се стопирани инфраструктурните проекти. Сепак, тој нагласил дека ќе мора да се има предвид дека се работи за проекти што ги поврзуваат паневропските коридори и кои се многу значајни за регионалниот развој на Република Македонија.Во однос на загрозеноста на Охрид како природно добро и проблемот со комуналниот отпад, министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураку, рекол дека Владата е во процес на создавање регионален систем за менаџирање на депониите.Во акцискиот план на Владата се наведени ингеренциите на општините Охрид, Струга и Дебрца, кои треба да достават до Националната комисија на УНЕСКО урбанистичко-планска документација за крајбрежната област, а Општина Охрид се задолжува да почне постапка за донесување ДУП-ови.
