Охрид не ќе го загуби статусот на регион под заштита на УНЕСКО.
Во рамките на првата надзорна расправа за Законот за управување на светското природно и културно наследство во Охридскиот Регион и сродната регулатива во контекст на Конвенцијата на УНЕСКО било констатирано дека со досегашните активности за спроведување на препораките на Комитетот на УНЕСКО, елиминирана е опасноста од губење на статусот на заштитено светско наследство на Охрид. Во таа насока во моментот се преземале бројни конкретни дејства за спречување на, како што се вели, досегашната негрижа и хаос, во насока на унапредување на животната средина, како и развој на инфраструктурата и економијата на регионот во согласност со стандардите на светската организација.На расправата, министерот за култура, Алаѓозовски, истакнал дека надлежните министерства и институции реализирале најголем дел од итните мерки предвидени во акцискиот план, кои се однесуваа на извештајот за напредокот доставен до Центарот за светско наследство на УНЕСКО на 13 февруари 2018 година.
