Заводот за кардиоваскуларни заболувања Охрид во соработка со Универзитетска Клиника за кардиологија, Скопје организира дводневна работилница под наслов „Периферни васкуларни интервенции“, која ќе се одржи на ден 13-14 Јуни 2018г во просториите на Заводот за КВЗ, Охрид.
На работилницата ќе се прикажуваат случаи во живо од катетеризационата лабораторија, а главен оператор и одговорен едукатор ќе биде д-р Ралф Лангхоф од Берлин, Германија.
