Градските советници денес имаат тешка задача. Ќе носат одлуки за измените во паркирањео во градот.
Ова се трите „жешки“ точки за кои денес ќе расправаат охридските советници:
Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за степен на ограничување на паркирање (зонско паркирање) во општина Охрид.
Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за дополнување на Одлуката за утврдување на цени за користење на спортски објекти и паркинг-простори со кои стопанисува ЈП „Билјанини Извори“-Охрид бр. 02-480/4 од 14.05.20018 година.
Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за дополнување на Одлуката за утврдување на цени за користење на спортски објекти и паркинг-простори со кои стопанисува ЈП „Билјанини Извори“-Охрид бр. 02-529/3 од 29.05.20018 година.
Новите предлози предвидуваат претворање на сите градски улици во паркинзи од различни зони , на што бурно реагираат жителите на градот Охрид , особено оние кои живеат во центарот.
