Нивото на Охридското езеро се уште над максималната дозволена кота. Денес езерото е 693,87 см надморска височина, што е дванаесет сантиметри повеќе од максималната дозволена кота.
Од ЕЛЕМ се правдаат. Нивото на Охридското езеро природно варира. Годинава поради големиот прилив на вода е искачи на 25 см над максималната кота.
Во однос на најавената кривична пријава од страна на охридските угостителите за претпрените штети на објектите вдолж крајбрежието при големото невреме во месец март, од Елем возвратија, угостителите се виновни граделе објeкти на места кои природно припаѓаат на езерото.
-„Мора да се има во предвид дека угостителите и сите останати чинители имаат изградено објекти и тоа на делови од езерото кои претходно веќе биле под вода во еден извесен период. Јас имав можост да разговарам со неколку угостители во делот на крајбрежието тие велат во изминатите години нивото на Охридското езеро и линијата каде било езерото била многу повисока од сегашната. Така што угостителите веројатно при нивната желба за што е можно поголем профит ги градат објектите и ги градат рестораните во дел кој не е во надлежност“, истакна Миноски.
Еколозите години наназад апелираат Охридското езеро да не се користи како акумулација за производство на струја, бидејќи на тој начин се прави штета на природниот биодиверзитет на најстарото и најчистото езеро во Европа.
-„Охридското езеро ние не можеме да го користиме како акумуација ние можеме да правиме оптимално користење на водата од Охридското езеро мегутоа отворот е тој. При тоа задржувајќи го нормалниот биодиверзитет по течението на Дрим и користејќи ја водата оптимално за нашите капацитети“, вели Драган Миноски директор на ЕЛЕМ.
Стабилизирање на нивото на езерото се очекува кон крајот на месец јуни.
-„ Хидроелектраните Шпилје и Глобочица од почетокот на јануари постојано произведуваат енергија со максимална снага и се надеваме до крајот на јуни нивото на езерото ќе биде на онаа кота од 693,75см“,додава Миноски.
Во неколку наврати силниот јужен ветер и огромните бранови на преполното езеро во текот на месец март годинава предизвикаа огромни штети на угостителските објекти изградени на брегот.
Новинар Соња Рилковска
ТВМ Телевизија
