Велосипедска тура за Денот на Езерото

За денот на езерото, ќе се одржи 9-та традиционална вело тура.

По повод 21 јуни-Денот на Езерото и денот на формирањето на велисипедскиот клуб Екодром, ќе се одржи традиционалната 9-та по ред велосипедска тура околу Езерото. Настанот ќе се одржи во сабота на 23-ти во 08 часот а стартот е од градското пристаниште. Ќе се вози на релацијата Охрид-Струга-Калижта-Ќафасан-Лин-Поградец-Св.Наум-Пештани-Охрид.По тој повод, велисипедскиот клуб Екодром објави:Почитувани … велосипедисти, љубители на Езерото, ве покануваме на заедничка дружба, да потврдиме дека и понатаму го почитуваме …23.06.2018, Сабота со старт во 08:00 часот, по повод Денот на Езерото 21.06, и денот на формирањето на велисипедскиот клуб Екодром, по 9 пат традиционално ќе се педала околу Езеро. Настанот НЕ Е поддржан од никакви помагатели и спонзори. Клубот ќе обезбеди пратечко возило и техничка поддршка.
ШТО ТРЕБА ДА ПОНЕСЕТЕ:
– желба за педалање пред се,
– Лична Карта за влез во Р.Албанија,
– Заштитна Кацига,
– Резервна гума,
– Вода, овошје, енергетски барчина и напитоци
ВелоВесело,
се гледаме во Сабота 23.06.2018 – 08:00 на пристанишче

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани