МВР:Полицијата употреби солзавец да спречи ескалирање на ситуацијата

Во врска со вечерашните судири меѓу демонстрантите и полицијата, МВР излезе со официјално соопштение.

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во текот на вечерашниот јавен протест во Скопје, пред зградата на Собранието, дел од демонстрантите употребија распрскувачки средства и насилно ја турнаа заштитната ограда, истовремено обидувајќи се насилно да влезат во Собранието. Со цел да се спречи ескалирање на ситуацијата и насилен упад во Собранието, а постапувајќи согласно процедурите, полицијата уопотреби солзавец. Повредени се седум полициски службеници, а до сега се приведени 25 лица. Министерството за внатрешни работи потенцира дека го почитува правото на мирен протест, но нема да дозволи употреба на сила и насилен упад, како и нарушување на јавниот ред и мир. Министерството апелира на демократски начин на изразување на јавното мислење.
Инаку, поголема група граѓани вечерва пред Собранието се судрија со полицијата која, со цел да ја разбие групата употреби солзавец и шок бомби.Дел од групата граѓани, ја растргна оградата и ги нападна полицајците. Полицијата употреби и окопни транспортери.Демонстрантите беа организрани преку социјалните мрежи, а како и во претходните вечери меѓу нив имаше членови на спортски навивачки групи.Во вечерашните демонстрации пред Собранието, повредени се повеќе полицајци и цивили. Протестот беше организиран поради договорот со Грција за конечно решавање на спорот за името, кој денеска во Преспа го потпишаа министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција Никола Димитров и Никос Коѕијас во присуство на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас.

Фото:sitel.com.mk

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани