Заврши протестот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ против потпишувањето на договорот со Грција.
Во Битола заврпи протестен марш на опозициската ВМРО-ДПМНЕ против потпишувањето на договорот со Грција за решавање на спорот со името. Маршот го предводеше претседателот на партијата Христијан Мицкоски.На протестот учествуваат пратеници, членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ.На протестот, демонстрантите скандираа дека не го даваат името, се пееја патриотски песни а некои од нив носат транспаренти со крст што симулира дека ја погребуваат Северна Македонија.Преседателот Мицкоски им порача на граѓаните дека на 28 годишнината од партијата за жал Македонија е зафатена од силен ураган. Според него ова што денеска се случи е срамна капитулација на државата.
„Можеме да избереме како ќе живееме, свесен сум дека очите на јавноста се свртени кон нас, поради сите порази кои ги смисли оваа ненародна власт. ВМРО-ДПМНЕ го водеше бајракот и се соочуваше со проблемите во тоа време, но ние верувавме во независна слободна РМ. Граѓаните ги положиле своите животи за идејата за слободна Македонија. Можеме да избереме како ќе живееме“, рече Мицкоски.
-Доста е, не може веќе вака. Ова се сериозни историски времиња рече Христијан Мицкоски.
„ Покрај беспарицата невработеноста лошите услови во здравството образованието се соочуваме со најголемото предавство што можеше да ни се случи. Го потпишаа договорот за промена на нашето уставно име. Додека Заев се слика јужниве слават. Не престанувајте да го употребувате името Макеоднија. Македонија е основна причина за секој наш чекор и активност. Нашите претци ги положиле своите животи за независна Македонија.Тоа било борба за човечки правдини. Без разлика на етничката припадност и без разлика на етничката припадност. Македонија создава маченици и херои. ВМРО-ДМНЕ е заеднички покрив под кој сите живееме“.
Мицкоски порача дека по ниту една цена нема да го поддржи ова срамно дело, и нема да поддржи промена на Устав а исто така смета дека ќе дојде време кога ќе се одговара за оваа капитулација што ја сервираа на земјата.
