Драма со среќен крај на Галичица

Двајца од струшко Радолишта се изгубиле на Галичица.

Двајца жители на струшко Радолишта, се изгубиле на планината Галичица, тие му се јавиле на својот пријател и му кажале дека не знаат каде точно се наоѓаат. Почнала потрага по нив, но за кратко време биле недостапни на нивните мобилни телефони.Вчера во 18.05 часот во Секторот за внатрешни работи Охрид, Б.Т.(44) од Охрид пријавил дека истиот ден околу 16.00 часот телефонски се слушнал со неговите пријатели Г.А. и Р.Т. од с.Радолишта, струшко.
Како што информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид, двајцата на својот пријател му кажале дека се наоѓаат на планината Галичица, но дека не ја знаат точната локација. Возилото со кое биле, претходно го оставиле во с.Велестово.
-Од тој момент до 21.00 часот лицата биле недостапни на своите мобилни телефони. Во 21.00 часот со лицата бил остварен телефонски контакт, а во 05.00 часот утрово лицата биле пронајдени, изјави портпаролот Димоски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани