Се уште не се знае колку дополнително ќе чини автопатот Кичево-Охрид.
Владата сѐ уште нема направено конечна пресметка на штетата од грешките во проектирањето на трасата на автопатот Кичево-Охрид. Во моментов, како што пренесува 24.мк, се репроектираат 57 клучки, споредни патишта и довршување на тунелот, а дури за еден месец ќе се знае колку дополнително пари ќе бидат потребни за да се заврши изградбата на овој автопат. Во завршна фаза е и експропријацијата од првичната траса, но со клучките кои допрва треба да се градат се очекува да се појават и нови експропријации.Министерот Сугарески најавува градежна офанзива на патиштата низ државата во август и септември кои треба да го зголемат Бруто домашниот производ во третиот и четвртиот квартал.Автопатот Кичево-Охрид во должина од 57 километри почна да се гради во 2014 година. Треба да биде готов до јуни 2021. До сега се потрошени над 230 милиони евра.Договорот со кинезите го направи поранешната влада на ВМРО-ДПМНЕ. Специјалното јавно обвинителство отвори случај против поранешни високи функционери кои се осомничени за земање провизија и местење на работата на Кинезите за да го градат автопатот Кичево-Охрид.
