Референдумот за името може да биде одржан на 23 или 30 септември.
Референдумот на кој граѓаните на Република Македонија ќе се изјаснат за или против договорот со Грција за решавање на спорот за името би требало да се одржи на 23 или 30 септември. Сеуште е неизвесен концептот на прашањето но, според одредени информации, прашањето за прифаќање на новото име Република Северна Македонија ќе биде поврзано со согласноста за влез во ЕУ и НАТО. Останува, прашањето да биде дефинирано во Собранието на Република Македонија, што е поврзано и со формирањето на Државната изборна комисија. Ако референдумот се одржи на 23 или 30 септември, тогаш македонското Собрание до крајот на следниот месец ќе мора да донесе одлука за распишување референдум.Дополнително ќе треба да се прецизира дали референдумот ќе биде задолжителен или консултативен.
