Економски новинари од Турција во посета на Македонија

Новинари од 16 реномирани турски медиуми од 5 до 8 јули годинава ќе престојуваат во Македонија а се очекува да го посетат и Охрид.

Според Македонско-Турската комора (МАТТО) за МИА, целта е да се информираат за македонската економија и плановите за развој, а потоа, тоа да го споделат и турската јавност да ја запознаат со македонските инвестициски, економски, туристички и други потенцијали.
– Идејата е, исто така, новинарите да ја анимираат и деловната заедница на Турција за Македонија како економски партнер што ветува. Македонија со својата геостратегиска положба, евроатлантската перспектива и реформите кои значаат приближување кон ЕУ законодавството, има шанса да ги зголеми своите перформанси за турските инвстиции. Македонија за Турција може да биде регионален хаб (локација) или дел од него, во кој реално има интерес да се преселат производни индустрии наменети за ЕУ пазари, но и почва за современо земјоделско и сточарско производство, велат од МАТТО.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани