Струга е подготвена за 6-то издание на фестивалот за култура „ДримОН“.
Фестивалот за процесирање култура „ДримОН“ е под мотото „Култура сега“ а ќе се реализира во периодот од 25 до 29 јули. Организатори се Иницијатива за независен културен активизам ИНКА кои подготвија низа книжевни промоции,музички перформанси, театарски претстави и изложби.
