Според законските рокови, кампањата за референдумот закажан на 30 септември, ќе почне на 10 септември.
Пратениците од утре па се до 20 август ќе бидат на годишен одмор а Кампањата за референдумот закажан на 30 септември, според законските рокови, ќе почне на 10 септември. Тоа практично значи дека по враќање од одмор, Собранието ќе работи до 7 или 8 септември.Собранието нема да работи додека трае одморот на пратениците, освен ако има итни потреби.
Договорот меѓу Македонија и Грција, за кој што се организира референдумот, ќе биде објавен во Службен весник по одржувањето на референдумот, додека Законот за јазиците ќе се објави кога ќе се процени дека е моментот за тоа, бидејќи тој не е поврзан со референдумот.
