Историчарите и археолозите традиционално го поврзуваа лебот со почетоците на земјоделството, кога луѓето почнале да одгледуваат жито и да прават брашно.
Но, ново откритие на поцрнети ронки во античка камена градба на Блискиот Исток посочува дека луѓето печеле леб пред илјадници години. Се смета дека овие остатоци од храна се стари околу 14.400 години. Тоа е околу 4.000 години пред појавувањето на земјоделството.
– Нашата работа покажува дека лебот не бил продукт на уредените, сложени општества, туку на палеолитско општество на ловецот-собирач – вели авторот на студијата, Амаија Аранз Отаегуи од Универзитетот во Копенхаген.
Лебот е важна храна. Покрај тоа што се состои од само неколку состојки, тој е многу хранлив. На ловците им било корисно својството на лебот да го покачува шеќерот во крвта бидејќи им била потребна енергија.

Аранз додаде дека таа не знае дали градбата била живеалиште или имала друга, можеби церемонијална примена. Додека го пребарувала седиментот, таа забележала примероци кои на почетокот не можела да ги смести никаде. Тоа не биле семиња, ниту гламносано дрво, туку изгледале токму како ронките што се акумулираат на дното од тостерот.
– Главниот критериум за идентификувањето на лебот е шупливата текстура. Ако земеме друга храна, како каша, ќе видиме делови од жито, но не и вакви микропори – вели Аранз.
Истражувачите мислат дека лебот се правел кога луѓето се собирале за прослави или гозби.

– Направете брашно од дива пченица и див јачмен
– Иситнете корења од диви растенија што растат во вода (на пример, шавар)
– Измешајте ги со вода за да направите тесто
-Печете на жешки камења околу оган.
