Синоќа во Спортската сала „Билјанини Извори“, се одржа голем хуманитарен хепенинг за помош на 15-годишната Сара Настеска, на која итно и е потребна операција за пресадување коскена срж, која чини 200.000 евра.
На хепенингот настапија музичари и повеќе уметници од Охрид и Струга:„Камелеон“, ФА „Бисери“, Петар Нечоски, Жармена и Китроз, Петар Маркоски, Горан Папаз, Каролина и Оли, „Јован и Јован“, „Дуо Black moon“, Дамјан Пејчиноски, Ивана Коскоска, ученици од Средното државно музичко училиште „Тодор Скаловски – Тетоец од Струга и други.
Во рамки на хуманитарниот хепенинг Здружението ЖЦ „Бисера“ Охрид организираше базар со храна- вкусни домашни специјалитети, кои се продаваа по симболична цена.
Сите собрани средства денес ќе бидат донирани на семејството Настески.
Настанот заеднички го организираа новинарите и медиумите од Охрид и ФА „Бисери“
Целта е да се анимира пошироката јавност во Охрид, од младо до возрасно, и секој во рамки на можностите да помогне колку може побрзо да се соберат потребните средства за лекување на Сара Настеска. Заедно сме посилни и уверени сме дека така ќе успееме во мисијата. – велат организаторите.

.jpg)
.jpg)
.jpg)

.jpg)
.jpg)





.jpg)

.jpg)
