Холанѓанецот ги вознемирувал минувачите во градскиот пазар.
Вчера во 10.40 часот во полициската станица Струга бил приведен Ф.О.О.(39) од Холандија поради тоа што во алкохолизирана состојба го нарушил јавниот ред и мир и ги вознемирувал граѓаните пред маркет во градското пазариште. Тој бил задржан во полициската станица за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
