Успешен хуманитарен хепенинг за Сара

Синоќа во Спортската сала „Билјанини Извори“,  се одржа голем хуманитарен хепенинг за помош на 15-годишната Сара Настеска, на која итно и е потребна операција за пресадување коскена срж, која чини 200.000 евра.

 На хепенингот настапија  музичари и повеќе уметници од Охрид и Струга:„Камелеон“, ФА „Бисери“, Петар Нечоски, Жармена и Китроз, Петар Маркоски, Горан Папаз, Каролина и Оли, „Јован и Јован“, „Дуо Black moon“, Дамјан Пејчиноски, Ивана Коскоска, ученици од Средното државно музичко училиште „Тодор Скаловски – Тетоец од Струга и други.

Во рамки на хуманитарниот хепенинг Здружението ЖЦ „Бисера“ Охрид  организираше  базар со храна- вкусни домашни специјалитети, кои  се продаваа по симболична цена.

Сите собрани средства денес ќе бидат донирани на семејството Настески.

Настанот заеднички го организираа новинарите и медиумите од Охрид и ФА „Бисери“

Целта е да се анимира пошироката јавност во Охрид, од младо до возрасно, и секој во рамки на можностите да помогне колку може побрзо да се соберат потребните средства за лекување на Сара Настеска. Заедно сме посилни и уверени сме дека така ќе успееме во мисијата. – велат организаторите.

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани