Струшката полиција, ги фати дрвокрадците со полн камион и со лажниот жиг.
Синоќа, во 20 часот и 15 минути, поради сомнение за нелегален транспорт на огревно дрво, полициските службеници од полициската станица Струга, на регионалниот пат Струга- Дебар, во близина на ХЕЦ „Глобочица“, запреа товарно возило марка ,,МАН“ со тетовски регистарски ознаки.Притоа, констатирано е дека возилото, управувано од М.А. (51) од тетовското село Желино, во кое се превезувале уште четири други лица сите од дебарското село Отишани, е натоварено со 24 метри просторни огревно дрво за кое, М.А. не поседувал испратница или друга соодветна документација.
Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид, информира дека полициските службеници забележале како дрвата биле обележани со жиг а по преземени мерки, пронајден е и одземен чекан со нелегален печат од Јавното претпријатие „Македонски шуми“ со кои, М.А. извршил нелегално обележување на дрвата.
-Товарното возило, со огревното дрво e пренесенo во јавното претпријатие-Шумско Стопанство-Струга“за понатамошна постапка а по целосно документирање на случајот, полициската станица од Струга ќе поднесе соодветна кривична пријава, изјави портпаролот Димоски.
