Кои се најбогатите функционери во државата?

Шесте најбогати функционери во владата се Анѓушев, Бектеши, Лика, Димитров, Заев и Асаф Адеми, според проектот ПЕП и нивните официјални документи.

Најбогатите министри во Македонија, тежат над 35 милиони евра. Станови, деловни простории,куќи во странство, луксузни возила, скапи часовници се само дел од имотната сопственост на членовите на Владата.

На врвот на листата најимотни е вицепремиерот Кочо Анѓушев кој теши скоро 31 милиони евра.

Според податоците од проектот ПЕП на Скуп Македонија и нивните официјални документи објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција тој меѓу другото поседува:

 

Во златната тројка на најимотни министри зад Анѓушев се Бекташи и Лика кои според податоците се побогати од премирот Заев. Бекташи тежи над 2 милиони евра , Лика над 1. Тие и нивните блиски роднини поседуваат куќи во Албанија, станови во Швајцарија, дуќани во Приштина.

Заев, според податоците не поседува имот на негово име. Тој пријавил дека има само побарувањето од 69.919 евра. Орочениот девизен депозит од 7.243 евра е на неговата сопруга, додека пак, 26.801 евра им припаѓаат на децата.

И првите луѓе на општините, не се за жалење. На врвот на пирамидата на најбогати градоначалници е Ратко Димитровски од Кочани кој поседува имот во вредност од скоро 4 милиони евра, веднаш зад него се Фатмир Изаири од Желино со околу 2 милиони и Енвер Пајазити од Брвеница со еден и пол.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани