ВМРО ја има довербата кај Македонците, но не и кај Албанците

 

Бегството на Никола Груевски и упорниот молк на македонските власти ѝ даваат ветер во грб на опозицијата, која го стабилизира водството меѓу македонските гласачи.

Но, Христијан Мицкоски и неговата ВМРО-ДПМНЕ и натаму имаат проблем да допрат до албанското гласачко тело. Не стојат многу подобро и меѓу другите етнички заедници во земјава што ќе им создаде голем проблем дури и при евентуална победа на следните парламентарни избори, бидејќи ќе имаат исклучително тешка задача да најдат коалициски партнер. Всушност, ВМРО-ДПМНЕ се гетоизира само во македонскиот кампус, што е многу лош правец за политичките пораки на патриотската партија. Ова сигурно е последица од националистичката радикализација на партијата и отсуството на желба да го смени наративот две години откако ДУИ се дистанцира од неа за формирање влада.
Резултатите од последната анкета на агенцијата „М-проспект“ изработена за Телма и МЦМС покажаа дека 30,4 отсто од Македонците би го дале гласот за ВМРО-ДПМНЕ наспроти 25,5 проценти, колку што се за СДСМ. Но, фрапантни се бројките меѓу етничките Албанци каде што партијата на премиерот Зоран Заев има поголема доверба (27,5 отсто) и од ДУИ на Али Ахмети (27 проценти), а за ВМРО-ДПМНЕ не би гласал ниту еден припадник на втората по големина етничка заедница во земјава. Кај другите националности, СДСМ би добил 34,7 отсто, а опозицијата само 13,7 проценти. Вкупно, доколку парламентарните избори би се одржале утре – СДСМ би бил победник со поддршка од 26,8 проценти, а ВМРО-ДПМНЕ и натаму би бил во опозиција со рејтинг од 21,5 отсто.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани