На струшкото крајбрежје нема да има јавни плажи. Градоначалникот ќе ги издава под концесија 37 плажи на брегот на Охридското езеро.
На ова реагираат советниците на ВМРО ДПМНЕ Струга.
-„Во контекст на изјавата на советникот во општина Струга, од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, господинот Ален Деребан, ве известуваме дека, градоначалникот на општина Струга, господинот Рамиз Мерко и неговите коалициони партнери, донеле одлука за издавање под закуп на целото струшко крајбрежје на Охридското Езеро, поточно се работи за 37 плажи.
Притоа, не водејки сметка за интересите на граѓаните, ендемичниот жив свет и трските во езерото, без да остават едно метро јавна плажа.
ВМРО-ДПМНЕ, Струга секогаш се води првенствено од интересите на граѓаните и ги застапува истите во советот на општина Струга, а не од лични и тесно партиски интереси. Затоа најостро ја осудуваме оваа одлука на градоначалникот и сме против истата“, велат од ОК на ВМРО ДПМНЕ Струга.
