Стотици затвореници низ затворите во Македонија почнаа штрајк со глад, барајќи да добијат право на амнестија, исто како што се зборува дека ќе бидат помилувани дел од обвинетите за настаните од 27 април.
Во Идризово, денеска храна одбија околу 700 затвореници, додека во Прилеп околу 40, велат од управите на двата затвора. Затворениците најавуваат дека нема да јадат ништо сѐ додека не добијат став од Владата. Велат дека се надеваат на позитивен одговор.
„Бараме амнестија која се подготвува само за оние од настаните во Собранието на 27 април. Бараме и ние да бидеме дел од таа амнестија за да биде општа“, затвореник во КПУ „Прилеп“.
„Како е можно Владата за оние од 27 април, за една недела да формира Комисија, а за другите затвореници да не се интересира воопшто?
Н: Зошто мислите дека треба да се амнестирате и вие?
-И ние сме дел од оваа држава, и ние сме граѓани на оваа држава, како и оние од 27 април и другите…“, изјави затвореник во КПУ „Идризово“, за ТВ 21.
Простување на казната, затворениците почнаа да бараат веднаш откако почна да се зборува за изготвување на посебен Закон за амнестија за учесниците во насилниот упад во Собранието на 27 април минатата година, но не и оние кои примениле насилство биле организатори или осмислувачи на настаните.
Премиерот одговори нема да има општа амнестија.
