Собранието го донесе Законот за амнестија

Со 95 гласа За, без глас против и воздржани, Собранието го донесе Законот за амнестија.

Собранието со 95 гласови „за“ и без ниеден „против“, го донесе Законот за амнестија за организираниот напад на Собранието на 27 април 2017. Кон групата пратенци и предлагачи се приклучија и пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ заедно со Панчо Минов од ГРОМ.Лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села и лидерот на ЛДП Горан Милески ја напуштија салата кога почна гласањето.Пратеникот од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ Зеќир Рамчиловиќ го образложи Законот за амнестија и рече дека „овие 2 години беа тешки, можеби најтеши во историјата на праламентаризмот и со овој Закон, наредните 2 години треба да ги релаксираме односите“.
Веднаш по неговото образложение пратениците го изгласаа Законот. За законот за амнестија покрај парламентарното мнозинство, гласаа и пратеници на ВМРО-ДПМНЕ.Барањата обвинетите ќе може да ги поднесат во рок од 5 дена по носењето на законот.
Со Законот за амнестија (линк до целиот текст) нема да може да бидат амнестирани:

организаторите и подготвувачите на нападот на Собранието за кои има основани сомневања
лицата кои извршиле физичко насилство
лицата под фантомки
лица кои носеле оружје и експлозивни материи
службени лица кои ги пречекориле своите овластувања

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани